By Autson Web Design

Имаме присутни 3 гости и нема членови

За нас

КЕНТАУР-ИМПЕКС е трговско друштво со 100 % домашен капитал.

Седиштето на друштвото е во непосредна близина на Скопскиот саем, во модерни новоизградени деловни објекти.

Една од основните дејности на друштвото е увоз и продажба на метали и тоа пластифициран, поцинкуван, топло валан, ладно валан и алуминиумски лим, панели и метални профили.

Производството е  дејност во која се повеќе се инвестира во нови современи машини.Опфаќа производство на профилирани наребрени лимени табли во форма на КЕРАМИДА И ТРАПЕЗ од пластифициран и поцинкуван лим, профили за таван – ХАНТЕР ДАГЛАС, поцинкувани профили и спојници за климатизација.

Новина во производството е модерна производна линија за производство на хоризонтални полукружни и вертикални кружни ОЛУЦИ од пластифициран лим како и целокупна ЛИМАРСКА ГАЛАНТЕРИЈА (држачи, опшивки, ветерлајсни, снегобрани и др.). Производството опфаќа и конфекционирање на поцинкуван лим по нарачка на купувачот.

Најнов производ и единствен во Македонија е OFFICE КОНТЕЈНЕР, изработен од сендвич полиуретански панели со комплетна електрична инсталација, PVC прозори и водоотпорен гумен под.

Услужната дејност опфаќа изработка на метални конструкции, монтажа на кровови на куќи, стамбени згради и индустриски објекти од лим во форма на трапез или керамида, изработка на фасади и монтажа на кровни и ѕидни полиуретански панели.

Во состав на Друштвото работи и ЦАРИНСКИ СКЛАД на површина од 700 m2.

Тоа што КЕНТАУР-ИМПЕКС го издвојува како лидер во однос на останатите е големиот асортиман на производи,сопствениот возен парк за транспорт на робата,современиот систем на ЛОКАЛНО ЦАРИНЕЊЕ, брзата и висококвалитетна монтажа и изведба, професионалниот кадар и определбата секогаш да бидеме подобри од другите.

Локација / Location