By Autson Web Design

Имаме присутни 8 гости и нема членови

Основни документи

За нас

КЕНТАУР-ИМПЕКС е трговско друштво со 100 % домашен капитал.

Седиштето на друштвото е во непосредна близина на Скопскиот саем, во модерни новоизградени деловни објекти.

Една од основните дејности на друштвото е увоз и продажба на метали и тоа пластифициран, поцинкуван, топло валан, ладно валан и алуминиумски лим, панели и метални профили.

Производството е  дејност во која се повеќе се инвестира во нови современи машини.Опфаќа производство на профилирани наребрени лимени табли во форма на КЕРАМИДА И ТРАПЕЗ од пластифициран и поцинкуван лим, профили за таван – ХАНТЕР ДАГЛАС, поцинкувани профили и спојници за климатизација.

Новина во производството е модерна производна линија за производство на хоризонтални полукружни и вертикални кружни ОЛУЦИ од пластифициран лим како и целокупна ЛИМАРСКА ГАЛАНТЕРИЈА (држачи, опшивки, ветерлајсни, снегобрани и др.). Производството опфаќа и конфекционирање на поцинкуван лим по нарачка на купувачот.

Најнов производ и единствен во Македонија е OFFICE КОНТЕЈНЕР, изработен од сендвич полиуретански панели со комплетна електрична инсталација, PVC прозори и водоотпорен гумен под.

Услужната дејност опфаќа изработка на метални конструкции, монтажа на кровови на куќи, стамбени згради и индустриски објекти од лим во форма на трапез или керамида, изработка на фасади и монтажа на кровни и ѕидни полиуретански панели.

Во состав на Друштвото работи и ЦАРИНСКИ СКЛАД на површина од 700 m2.

Тоа што КЕНТАУР-ИМПЕКС го издвојува како лидер во однос на останатите е големиот асортиман на производи,сопствениот возен парк за транспорт на робата,современиот систем на ЛОКАЛНО ЦАРИНЕЊЕ, брзата и висококвалитетна монтажа и изведба, професионалниот кадар и определбата секогаш да бидеме подобри од другите.

Царински склад

Во состав на Друштвото работи и ПРИВАТЕН ЦАРИНСКИ СКЛАД ТИП Ц на површина од  700 m2. 

Во него се применува системот на ЛОКАЛНО ЦАРИНЕЊЕ кој овозможува во рок од само еден час да се заврши целокупната процедура од прием на барање за одредена роба од купувач до нејзино расцаринување и ослободување од царински надзор.

Локација / Location